Први пратенички прашања за премиерот Заев и министрите

VLADA

Собранието утре во рамките на 23. седница ќе ги одржи првите пратенички прашања по доаѓањето на новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. Пратениците поставуваат прашања за работата на извршната власт, при што на седницата треба да присуствуваат премиерот и министрите во владиниот кабинет, но и други носители на јавни функции, кои би можеле да дадат одговор.

Пратеничките прашања требаше да се одржат во септември, односно по 100 дена од формирањето на Владата, но беа одложени поради кампањата за локалните избори.

Во согласност со Деловникот претседателот на Собранието пратеничките прашања ги закажува секој последен четврток во месецот, но овој пат ќе се одржи в петок поради денешната заедничка седница на премиерите на Македонија и на Бугарија во Струмица.

Последната седница за поставување пратенички прашања се одржаа пред повеќе од една година, на 29 септември 2016 година, пред распуштањето на минатиот состав на парламентот пред парламентарните избори во декември.

На пратеничките прашања тогаш одговараа техничкиот премиер Емил Димитриев и министрите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed