Првата владина седница

VLADA

Се претпоставува дека една од точките ќе биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и од третиот ешалон.

За напладне е закажана првата седница на новата Влада на Република Македонија. Дневниот ред на седницата сѐ уште не е објавен. Се претпоставува дека една од точките ќе биде именувањето на кандидатите за функционери од вториот и од третиот ешалон.

За заменичките позиции во министерствата се очекува кандидати да предложат сите партии што влегоа во владиниот состав, како и партиите што влегоа во коалицијата „За подобар живот во Македонија“ што СДСМ ја предводеше на изборите во декември.

Можно е да се разговара и за новиот генерален секретар на Владата. На маса ќе биде изборот и на нов директор на Службата за општи и заеднички работи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed