Пратениците денеска ја продолжија конститутивната седница

SOBRANIE

Трет ден реплики по говорот на пратеникот Зоран Илиоски, кој е само четврт говорник од почетокот на продолжението на конститутивната седница.

Пратениците не ги испочитуваа молбите на претседавачот Трајко Вељановски да говорот за точката на дневен ред и да го намалат бројот на процедурални забелешки.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ и денеска побара одговори што договориле СДСМ и ДУИ и што содржи новиот закон за јазици договорен меѓу двете партии. Од СДСМ обвинија за блокада и одолговлекување на изборот на нов претседател на Собранието.

Пратениците од ДУИ пак објаснуваат за платформата од Тирана велат таа не содржи ништо што претходно го немало во предизборните програми на албанските партии. Меѓусебните препукувања на кратко ги прекина Бранко Манојловски, најстариот пратеник кој денеска за првпат се обрати од говорницата.

Побара да се стават настрана партиските интереси. Вниманието од расправии меѓу пратениците од спротивставените табори на кратко го одвлекоа и ученици од средното „Васил Антевски Дрен“ и основното „Крум Тошев“ дојдени да дознаат повеќе за законодавниот дом и како народните избраници носат одлуки во името на граѓаните.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha