По неуспешниот пуч во Турција, отпуштени повеќе од 4.000 судии и обвинители

TURCIJA PUC

По неуспешниот пуч во Турција, отпуштени повеќе од 4.000 судии и обвинители
Турскиот министер за правда, Бекир Боздат, изјави дека е проверен целиот состав на судиите во Турција заради утврдување евентуални врски со пучистите.

Турските власти го посочија Фетула Ѓулен како организатор на пучот.
„Нема веќе ниту еден судија или обвинител кој не бил подложен на истрага“, изјави министерот.

Анкара го обвини Ѓулен дека се инфилтрирал во институциите на Турција преку голема мрежа на приврзаници. Од минатото лето повеќе од 100.000 службеници се отпуштени или суспендирани, а повеќе од 47.000 се уапсени.

You may also like...

Sorry - Comments are closed