Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Последна недела од изборната кампања

Политичките партии денеска продолжуваат со активности за изборната кампања за предвремените параламентарни избори  што ќе се одржат в недела.
Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во скопските општини Кисела Вода и во Центар, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ во Дебар, Струга и во Охрид.

Митинг најави и коалицијата „Алијанса за Албанците“ пред жителите на Куманово.
Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Изборна единица 5 Александар Делов ќе говори на  прес-конференција во Кичево, а носителот на кандидатската листа на Левица во Изборна единица 4 Митко Николов ќе има средба со граѓани на градскиот плоштад во Прилеп.

За денеска е најавено и потпишување документ за заштита и унапредување на животната средина од страна на политички партии од Изборна единица 6, во просториите на движењето „Еко герила“ во Тетово.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us