Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ: Комеморација за Есма Реџепова-Теодосиевска во Град Скопје

Кралицата на ромската музика почина вчера, 11 декември, на 73-годишна возраст по кратко боледување.

Денеска во 11 часот во Град Скопје се одржи комеморативна седница по повод смртта на македонската пејачка, текстописец и хуманитарка Есма Реџепова-Теодосиевска. Во салата на Советот на Град Скопје  беше отворена и Книга на жалост.

Со комеморација во Градското собрание во Скопје ѝ беше оддадена последна почит на легендарната Есма Реџепова (1943-2016), едно од нашите најголеми музички имиња.

 

На комеморацијата се собраа голем број пријатели, колеги и поддржувачи на ликот и делото на кралицата на ромската музика. Последна почит ѝ оддадоа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, нејзините колеги Виолета Томовска, Благоја Грујовски, Зоран Џорлев, Драган Даутовски, македонскиот претседател Ѓорге Иванов и други.

 

Дел од нив одржаа и говор во кој истакнаа длабоко жалење по повод смртта на Есма.

Градоначалникот Коце Трајановски рече дека треба да сме горди затоа што Есма беше меѓу нас.

– Со голема тага и жал се простуваме со Есма и воедно треба да сме горди што беше меѓу нас. Јас ја паметам како човек што секогаш беше насмеан, со позитивна енергија. Беше кралица на ромската и на македонската музика, но јас би кажал и кралица на хуманоста со која ја претставуваше Македонија низ светот – рече Трајановски.

Зоран Џорлев во говорот рече дека Есма беше амбасадор на македонската култура.

Таа беше неуморна на музичката естрада. Есма владееше со волшебниот клуч на комуникацијата. Топлината и вибрациите на нејзиниот глас ги топлеа срцата на сите нас. Со право истакнувам дека Есма беше амбасадор на македонската култура – рече Џорлев.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за Есма рече дека била исклучителен човек, сакана и почитувана низ целиот свет.

– Веројатно никој од нас не помисли дека токму сега во овие мигови нејзиниот живот може да згасне. Беше исклучителен човек, сакана и почитувана низ целиот свет. Голема и неповторлива, кралицата живееше со репутацијата на светски уметник. Есма доби почесно место во легендите на Македонија. Уверена сум дека сето она што Есма го остави ќе живее и многу години по неа преку нејзиното потомство – рече Канческа-Милевска.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us