Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Последен ден од кампањата на партиите: СДСМ во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

Предизборната кампања за вонредните парламентарни избори завршува во петок, политичките партии денеска ќе ги одржат завршните митинзи и средби со граѓаните.

Коалицијата предводена од СДСМ, „За живот во Македонија“, во петоко својот последен митинг во рамки на оваа изборна кампања ќе го одржи во општина Гази Баба во 19 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, вечерва ќе имаат најпрвин минитнг во Крушево од 17:30 часот, а потоа и во Прилеп 20 часот.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе одржи средба со граѓани на Општина Прилеп на плоштадот во Прилеп во 13:30, а вечрва од 19 часот ќе има митинг во Битола во Центарот за култура.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи прес-конференција на која лидерите на Коалицијата ќе ги презентираат ставовите околу предизборниот процес и главните пораки до граѓаните, а вечерва од 18 часот Коалицијата ќе одржи митинг на плоштадот „Лептокарија“ во Скопје.

Политичката партија Левица ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us