Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Полицијата утврдила дека нема кривично дело по пријавата за поткуп на гласачи во Теарце

Вчера попладне околу 18 часот лице од Теарце во секторот за внатрешни работи СВР Тетово пријавило поткуп при избори и гласање, ние на тоа веднаш реагиравме. Преземени се повеќе адекватни мерки и активности, разговарано е со пријавителот и притоа е утврдено дека нема елементи на пријавеното кривично дело. За ова се остварени и консултации и координации и со надлежното јавно обвинителство во Тетово. Нема приведени лица, ниту повикани во полиција, а кои се поврзани со овој случај, изјави за МКд.мк Марјан Јосифовски, портпаролот на тетовската полиција.

„Некои од медиумите објавиле дека имаме и приведени лица. Нема ниту приведени, ниту повикани во полиција до овој момент. Значи од тоа што презедовме во текот на вчерашниот ден, а пред се со разговорот со лицето што пријави, не се утврдени елемети на пријавеното кривично дело. Еден човек беше тој што пријавил, детално разговараме со него и утврдивме дека пријавеното кривично дело нема елементи за понатамошна постапка“, вели Јосифовски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us