Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Политичките партии потпишаа Декларација за борба против насилството врз жените

Националната мрежа против насилство врз жената и семејното насилство, организираше потпишување заедничка декларација за спречување на насилството што ја потпишаа 15 политички партии. Со Декларацијата се обврзаа на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашното насилство.

Денеска е Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со што почна глобалната кампања 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Кампањата годинава е со мотото „Вклучи се, исклучи насилство“ и опфаќа низа акции чијашто цел е да се обоиме светот во портокалово, да се стави крај на насилството против жените и девојчињата.

Националната мрежа против насилство врз жената и семејното насилство, организираше потпишување заедничка декларација за спречување на насилството што ја потпишаа 15 политички партии.

Со Декларацијата се обврзаа на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и заштита од сите форми на насилство врз жената и домашното насилство донесена во Истанбул 2011 година, на следење на препораките на Советот на Европа за достапност и минимум стандарди кои треба да ги исполнуваат услугите за поддршка, како и на обезбедување одржливост на мерките преку развивање програми за финансиска поддршка на национално и локално ниво.

Потпишувањето воедно го означи и стартот на годинашната кампања „16 дена активизам против насилство“. Потпишувањето на Заедничката декларација го поздравија и шведскиот амбасадор во земјава Мат Стефансон и постојаниот координатор на Обединетите нации и постојан претставник на УНДП, Лујза Винтон.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us