Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Пицула: Напролет се можни нови парламентарни избори

Политичката неизвесност во Македонија продолжува, имајќи ги предвид тесните изборни резултати, изјави вчера за хрватската агенција ХИНА, европратеникот Тонино Пицула, кој во неделата ги набљудуваше предвремените парламентарни избори во Македонија.

– Изборните резултати покажуваат продолжување на високата поларизација и на политичката поделеност на македонското општество… Во овој момент владее неизвесност каков ќе биде конечниот резултат. Разликата е маргинална меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – рече Пицула, кого групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент го назначи за известувач во сенка за Македонија.

Според Пицула, самата кампања и изборниот ден минале без некои поголеми инциденти и главно мирно, со мали забелешки кои можат да се упатат на секој изборен процес.

Според Пицула, Албанците очигледно ја казнија ДУИ, најголемата албанска партија во Македонија, која сето ова време беше партнер на ВМРО-ДПМНЕ, но изгубија речиси десетина мандати во Собранието и ја зајакнаа новата албанска политичка формација Беса.

– Мислам дека ќе продолжи неизвесноста околу составувањето на новата влада. Во овој момент навистина не е јасно кој би требало да ја состави, имајќи ја предвид поларизацијата, а и не се знае колку ќе биде стабилна владата – оцени Пицула.

Европратеникот смета дека можни се повеќе сценарија, но дека најмалку веројатно е формирање на голема коалиција затоа што со тоа ништо не би решило, имајќи ја предвид длабоката поделба и разликите. Тој вели дека двете најголеми македонски партии имаат само една заедничка работа, а тоа е јасната проевропска иднина на Македонија.

Што се однесува на можноста за формирање малцинска влада, тој вели дека таа не би била многу стабилна и дека долго не би се одржала.

Пицула не ја отфрла можноста за одржување нови, предвремени избори и оти тоа „не е толку нереално“.

– Дали тоа ќе се случи следната година, можеби во комбинација со локалните избори, кои би требало да се одржат напролет, засега е не јасно – вели Пицула.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us