Папа Францис: Интернет, социјалните мрежи и текстовите се дар Божји, ако мудро се користат

PAPA ROMI

Папата Францис, кој има признаено дека е „скаран“ со технологијата, денеска изјави дека Интернетот, социјалните мрежи и СМС пораките се дар Божји, доколку мудро се користат, пренесува БТА.

„Електронската пошта, СМС пораките, социјалните мрежи и четовите можат да бидат сосема хумани форми на комуникација“, наведува папата во својата порака за римокатоличкиот Светски ден на комуникациите.

„Технологијата не определува дали комуникацијата е автентична или не, туку човековото срце и нашата способност мудро да ги користиме средствата што ги имаме на располагање“, посочува папата.

Минатата година 79-годишниот папа пред едно девојче засрамено призна дека не знае како да ги користи компјутерите и дека целосно е „скаран“ со технологиите. Тој изрази мислење дека на семејната вечера не треба да има смартфони и во детските соби не мора да има компјутери.

– Социјалните мрежи можат да ги олеснат врските меѓу луѓето и да содејствуваат за доброто во општеството, но можат и да доведат до поголема поларизација и поделби меѓу одделните луѓе и групи. Модерните технологии се дар Божји, што бара голема одговорност, додаде Светиот отец.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha