ОФИЦИЈАЛНО: ВО ПРВИОТ КРУГ СДСМ 37 ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ 3

Supporters of the ruling SDSM (Social Democratic Union of Macedonia) celebrate victory on local election in front of the Government building in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 16 October 2017.Citizens of the Former Yugoslav Republic of Macedonia voted for the local election.
Supporters of the ruling SDSM (Social Democratic Union of Macedonia) celebrate victory on local election in front of the Government building in Skopje, The Former Yugoslav Republic of Macedonia on 16 October 2017.Citizens of the Former Yugoslav Republic of Macedonia voted for the local election.

СДСМ победи во првиот круг во 37 општини а ВМРО-ДПМНЕ во 3, според официјалните информации од 100 отсто обработени избирачки места, објавени на страната на Државната изборна комисија (ДИК) до 12 часот.

Податоците уште не се обработени за Град Скопје каде од 96,79 отсто или 663 од 685 избрачки места Петре Шилегов води со 50, 27 отсто или 136.981 глас пред Коце Трајановски со 36.01 отсто или 98.149 гласови. Доколку продолжи ваквиот тренд Шилегов ќе стане градоначалник на Град Скопје во првиот круг.

И во Аеродром и Гази Баба уште не се обработени сите податоци. Во Аеродром од обработени 87 од 93 избирачки места или 93,55 отсто, води СДСМ со 20.000 гласа наспорти ВМРО-ДПМНЕ со 17.359. Во Гази Баба обработени се 73 од 83 избирачки места или 89,02 отсто и СДСМ води за 15.040 наспроти ВМРО-ДПМНЕ со 13.882 гласа.

Според 100 отсто обработени податоци на ДИК ова се општините каде е избран градоначалник во првиот круг:

СДСМ

1.Арачиново2.Берово3.Битола4.Богданци5.Босилово6.Валандово7.Василево8.Вевчани9.Велес10.Гевгелија11.Ѓорче Петров12.Дебрца13.Делчево14.Демир Хисар15.Дојран16.Зелениково17.Карпош18.Конче19.Кочани20.Кратово21.Крива Паланка22.Кривогаштани23.Крушево24.Куманово25.Лозово26.Маврово Ростуше27.Неготино28.НовоСело29.Охрид30.Пехчево31.Прилеп32.Радовиш33.Ресен34.Свети Николе35.Струмица37.Центар

ВМРО-ДПМНЕ

1.Илинден2.Петровец3.Сопиште

ДУИ

1.Кичево2.Пласница

Демократска партија на Турците

1.Центар Жупа

Независните кандидати 1.Чучер Сандево2.Ранковце

You may also like...

Sorry - Comments are closed