Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Остри критики од фондацијата „Конрад Аденауер“ за ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да ја прифати волјата на мнозинството и да се насочи кон внатрепартиски реформи, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја задржи разјадената власт, пишува во анализа за состојбата во Македонија, фондацијата „Конрад Аденауер“.

Фондацијата на германската владејачка конзервативна партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел упати остри критики за недемократско однесување кон ВМРО-ДПМНЕ. Во анализа објавена на интернет-страницата на фондацијата „Конрад Аденауер“, сестринската партија од Македонија се критикува поради нејзиното одбивање да се реформира, дезавуирањето на државните институции, како и поради критиките кон странските амбасадори.

Околу можниот исход од изборите и идните коалиции, „Конрад Аденауер“, прогнозира дека досега владејачката ДУИ, поради големите изборни загуби и внатрепартиски превирања, „нема повторно да коалицира со конзервативците“.

„Следните недели ќе бидат возбудливи. Од нови избори напролет заедно со локалните избори, па сѐ до отворена борба за превласт, сѐ е можно. Никој не може да гарантира дека ќе остане мирно. Додека обичните луѓе луто гледаат од страна, атмосферата кај членовите на сите партии е многу напрегната. Партиските лидери имаат обврска да бидат воздржани во реториката, да делуваат смирувачки пред своите поддржувачи и да не го закопуваат легитимитетот на државните институции.“

„Со големата излезност на изборите, гласачите ја покажаа својата зрелост и со својот глас побараа промени во политичкиот естаблишмент. Но нивната желба за политичка стабилност и нормалност и натаму не се почитува. Личните интереси повторно се ставаат над добробитта на заедницата. Македонија загазува уште подлабоко во криза“, заклучува фондацијата „Конрад Аденауер“ во анализата за состојбата во Македонија.

Фондацијата „Конрад Аденауер“ е активна преку своја канцеларија во Македонија од 2000 година. Оттогаш, фондацијата што важи за блиска до германската конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ) поддржала многубројни проекти за евроатлантската интеграција на земјата. Притоа, преку разни семинари, конференции и работилници се обучуваа и политичари, новинари и општествени чинители. Особено блиска соработка оваа фондација има со ВМРО-ДПМНЕ, која важи за сестринска конзервативна партија на германската ЦДУ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us