Османи: Талат Џафери, кандидат за претседател на Собрание на мнозинството

BUJAR OSMANI

По внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, беше одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство претседател на Собранието на Македонија да биде Талат Џафери, изјави за ТВ21, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

„Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот.

Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е еден од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец. Сметаме дека следната недела ќе ја започнеме процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието“, рече Османи.

Новинар: Вие потврдивте дека ја имате поддршката и од Алијансата на Албанците и од Движењето Беса?

Османи: Талат Џафери ќе биде кандидат и следен претседател на Собранието на Република Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha