Османи: НВО секторот клучен во реформите од Планот 3-6-9

OSMANI

Дебата за мерките содржани во делот 6 и 9 од Планот 3-6-9 со претставници на невладиниот сектор се одржа денеска во организација на Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека принципот на инклузивност и транспарентност е еден од основните при подготовка имплементација и мониторирање на Планот.

„Невладиниот сектор има клучна улога во тој принцип на инклузивност и постигнување на национален, општествен, државен консензус во однос на реформите за нашите стратешки цели, европските и евтоатлантските интеграции“, рече Османи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed