Општина Прилеп – припер за соживот со Ромите

ПРИЛЕП

„Општина Прилеп е вистински пример за мултикултурен соживот и почитување на традицијата, културата, верата и сите останати специфики кои со себе ги носи секој народ. Локалната самоупрaва во изминативе години реализираше голем дел од проектите кои се однесуваа за подобрување на животот на Ромите и нивната еманципација“, велат од општината.

Локалната самоуправа секогаш го потенцира почитувањето на соживотот со Ромите, особено со граѓаните кои живеат во населбата „Тризла“. Почитта кон различните култури, традиции и обреди е карактеристична за ова поднебје каде децениии наназад се почитувале разликите, а така ќе остане и понатаму.

Во населбата „Тризла“ досега се има инвестирано во патната инфраструктура, изградба на канализација, тротоари, нова спортска сала, терени со вештачка трева, се реконструираше ООУ „Добре Јованоски“, се инвестираше во градинката „Тризла“, а во моментот се гради и верски објект џамија, каде сега сите припадниците од муслиманска вероисповед своите верски обреди ги одржуваат тука. Благодарение на заложбите на Владата на РМ, општина Прилеп како и министерот без ресор Неждет Мустафа, во Прилеп активно се спроведуваше „Декадата на Ромите“, преку која се реализираа повеќе проекти.

Се реализираше проектот „Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи“, детски градинки, кој продолжува и во учебната 2016/2017. Преку проектот се поддржани деца кои имаат можност, бесплатно да бидат вклучени во детските градинки. Главната цел е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на нивниот број во предучилишните установи, а исто така, се настојува да се подобри ставот на родителите на опфатените ромски деца преку јакнење и поддршка на развојот и образованието на ромските деца. Друг проект е „Ромски информативни центри”, кој започна да се имплементира од јануари 2007 година и до сега во рамките на истиот отворени се и функционираат 12 Ромски информативни центри во Прилеп.

Преку „Декадата на Ромите“, беа донирани средства, за уредување на просторот околу џамијата во населбата Тризла. Самата џамија ќе се огради, ќе се изгради шадрван, при што потоа ќе се пристапи кон поплочување на плоштадот и партерното уредување пред верскиот објект. Со тоа ќе биде заокружено уредувањето околу просторот на џамијата во населбата Тризла кој ќе претставува едно прекрасно катче за користење на жителите. Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески секоја година традиционално го организираат и „8-ми Април“ – Меѓународниот ден на Ромите, каде овој ден се одбележува со низа културни манифестации и со подигнување на Ромското знаме пред зградата на Општина Прилеп, велат од општината.

You may also like...

Sorry - Comments are closed