Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ОПЕК се согласи со намалување на производството на нафта

Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) првпат по осум години постигнаа договор за намалување на производството на енергенсот, со цел да се поттикне раст на цената на „црното злато“ на светските берзи.

По средбата на земјите производители на нафта во Виена, претседателот на ОПЕК, Мохамед Бин Салах ал Сада синоќа соопшти дека било договорено дневното нафтено производство да се намали за 1,2 милиони барели, почнувајќи од јануари идната година.

Ваквото решение на Картелот доаѓа по двегодишната ниска цена на нафтата, која беше речиси двојно поевтина во споредба со 2014 година.

Според Сада, земјите членки на ОПЕК сега очекуваат намалување на производството и од страна на оние држави кои не се дел од картелот, за најмалку 600 илјади барели дневно.

mw-fb079_opec_1_20161130132127_zh

Соопштението на ОПЕК предизвика брза реакција на светските берзи, па цената на северноморската нафта „брент“ скокна за десет отсто и достигна цена од 51,94 долари за барел, додека американската „лесна“ нафта поскапе за девет отсто на 49,53 долари за барел.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us