Оланд: Франција нема да подлегне на терористичките закани

OLAND

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговата земја нема да дозволи заканите да ја намалат решеноста во борбата против тероризмот.

Оланд зборуваше денес, неколку часа откако Исламската држава (ИСИС) објави видео-снимка на која се гледа како се обучуваат екстремистите кои ги извршија нападите во Париз на 13 ноември. На снимката се покажува обезглавување и пукање во заробеници на територијата контролирана од групата.

Тој истакна дека токму поради заканата тој ќе бара продолжување на вонредната состојба во Франција.

Властите прогласија вонредната состојба веднаш по нападите од 13 ноември во кои загинаа 130 луѓе во Париз. Ваквите мерки предвидуваат засилени контроли и проверки на граничните премини, пребарувања на куќи и домашен притвор без судски налог.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha