ОЛАНД: ПРИЗНАВАМ ДЕКА НУКЛЕАРНИТЕ ПРОБИ ВО ПОЛИНЕЗИЈА БЕА ШТЕТНИ ПО ЗДРАВЈЕТО Објавено на 23 февруари 2016, 10:04 од Редакција на Капитал во Политика Францускиот претседател Франсоа Оланд призна дека три децении нуклеарни проби во Француска Полинезија имале влијание на здравјето на луѓето таму и на тамошната животна средина и вети дека ревизијата на процесот одредува компензација за жртвите, пренесуваат светските медиуми. Оваа изјава на Оланд преставува досега најјасно признавање за последиците кои се резултат на француските нуклеарни проби. „Признавам дека нуклеарните проби меѓу 1966 и 1996 во Француска Полинезија влијаеа на животната средина и предизвикаа здравствени последици“, рече францускиот претседател. Франција извела вкупно 193 нуклеарни проби во наведениот период, се до моментот кога поранешниот француски претседател Жак Ширак прогласи крај на таа програма во текот на деведесетите години од минатиот век. До сега, од околу 1000 луѓе кои побарале оштета поради заболување од рак, како последица на нуклеарните проби, само 20-тина добиле позитивен одговор.

OLAND

Францускиот претседател Франсоа Оланд призна дека три децении нуклеарни проби во Француска Полинезија имале влијание на здравјето на луѓето таму и на тамошната животна средина и вети дека ревизијата на процесот одредува компензација за жртвите, пренесуваат светските медиуми.

Оваа изјава на Оланд преставува досега најјасно признавање за последиците кои се резултат на француските нуклеарни проби.

„Признавам дека нуклеарните проби меѓу 1966 и 1996 во Француска Полинезија влијаеа на животната средина и предизвикаа здравствени последици“, рече францускиот претседател.

Франција извела вкупно 193 нуклеарни проби во наведениот период, се до моментот кога поранешниот француски претседател Жак Ширак прогласи крај на таа програма во текот на деведесетите години од минатиот век.

До сега, од околу 1000 луѓе кои побарале оштета поради заболување од рак, како последица на нуклеарните проби, само 20-тина добиле позитивен одговор.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha