Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

ОБСЕ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ЈА ИСКОРИСТАТ МОЖНОСТА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА

Меѓународните набљудувачки мисии сметаат дека изборниот ден во неделата помина добро, и дека останува на политичарите и политичките партии сега да ја искористат можноста за решавање на политичката криза, рече во саботата специјалниот претставник на ОБСЕ Роберто Батели.

osce

„Предвремените парламентарни избори на 11-ти декември претставуваа суштински чекор во решавањето на двегодишната длабока политичка криза. Како позитивен аспект, главните политичките сили прифатија низа законски и институционални промени за да обезбедат еднаков терен за натпревар за овие избори. За подлабоките прашања како што се регистрацијата на гласачи и медиуми, останува да се бара одржливо решение“, се вели во извештајот на ОБСЕ.

Од таму даваат дека додека „кампањата беше конкурентна, се одвиваше во атмосфера на недоверба на јавноста во институциите и политичкото уредување и наводите за принуда на гласачите“. „Изборната администрација се соочи со проблеми при подготовката за избори и проби голем број рокови, но денот на изборите во најголем дел помина добро без поголеми инциденти“, стои уште во извештајот на ОБСЕ.

Според меѓународните набљудувачи, граѓаните ја сфатиле важноста за улогата на изборите и сега од новата влада се очекува спроведување на реформите во институциите. „Македонија се наоѓа на крстопат кој отвора можност за нормализирање на политичкиот живот. Политичарите мораат да ги спроведат препораките од ЕУ за да се вратат на патот кон евроинтеграциите“, изјави шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Штефан Шенах

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us