Обама: Најголема грешка е неуспехот по интервенцијата во Либија

OBAMA

Претседателот на САД Барак Обама смета дека најголема грешка, која ја направил во текот на својот мандат, е неуспехот во планирањето по соборувањето од власт на либискиот претседател Моамер Гадафи во 2011 година.

Тој во интервју за Фокс њуз, истакна дека смета дека интервенцијата во Либија „била исправна“, но оти не е успешно испланирано што да се прави потоа.

Обама вели дека интервенцијата во Либија минала најдобро што можела, но оцени дека Либија и денес е во хаос.

Обама минатата недела изјави оти имал „повеќе верба“ во Европејците дека ќе се вклучат во периодот по интервенцијата со оглед на нивната географска близина и ја обвини нивната пасивност за хаосот во земјата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed