Обама му се јавил на Трамп по обвинувачкиот твит

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека претседателот во заминување Барак Обама му се јавил по телефон и дека имале добар разговор во средата, откако Трамп дента на Твитер напиша дека транзицијата не тече непречено и за тоа го обвини Обама.

„Давам сè од себе за да ги занемарам многуте запаливи изјави и пречки од претседателот О. Мислев дека ова ќе биде непречена транзиција – НЕ Е!“, напиша Трамп дента на Твитер.Во средата наутро Обама му се јавил на Трамп од Хаваите, каде што ги поминува празниците со своето семејство, според Асошиејтед прес.

„Тој ми се јави и имавме многу добар разговор… воопшто за сè, и мислам дека опфативме многу работи“, изјави подоцна Трамп за новинарите од својата куќа во Мар-а-Лаго на Флорида, пренесе Ројтерс.

Трамп додаде дека со Обама „многу добро се согласува“, исто како и нивните тимови.

Белата куќа соопшти дека тоа било „позитивен повик“ со фокус на „продолжување на непречената и ефикасна транзиција“. Портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц рече дека и другите разговори на Обама со Трамп откако републиканскиот кандидат за претседател прогласи победа на изборите на 8 ноември, биле позитивни.

Исто така, Шулц рече дека Обама и Трамп се договориле нивните тимови да продолжат да работат на инаугурацијата на Трамп на 20 јануари, додаде американската агенција.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha