Норвешка со поддршка за евроатланска интеграција на Македонија

NORVESKA

Норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров изјави дека неговата земја го поддржува приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и е подготвена да и помогне во тој процес.

Димитров посочи дека разговарале за односите меѓу двете земји, кои, според него, се блиски и пријателски.

Тој посочи дека на Бренде ги презентирал приоритетите на новата Влада во НАТО и ЕУ интеграциите, како и во делот на добрососедските односи и тоа што се прави за силни институции, закон за сите, владеење на правото и слободни медиуми.

You may also like...

Sorry - Comments are closed