На 15ти ноември,пред 74 години Хајнрих Химлер дал наредба за постапување кон Ромите исто како и со Евреите

HOLOKAUST

На 15 ноември 1943 година , нацистичкиот СС шеф Хајнрих Химлер дал наредба да се постапува кон Ромите исто како и ком Евреите, т.е. да се затворат во конв логорите . Тоа беше во склоп со нацистичката политика каде требаше да се елиминираат припадниците на инфериорната раса . Истовремено требаше да се елиминираат иа социјалните индивидуи , како што се тешките криминалци.

Според нацистите Ромите припаѓаа во двете наведени групи. Ромите во логорите беше потребно да носат кафеави или црни триаголни ознаки (за асоцијалните), односно зелени (за тешките криминалци). Поретко носеа лента со буквата Z ( германски Zigeuner – Цигани).

Иако некои од тогашните научни истражувања покажаа дека според потеклото Ромите се чисти -Аријевци, сепак нацистите ги сметаа за инфериорна нација поради мешањето со други раси. Се смета дека за време на Втората светска војна настрадаа помеѓу 220.000 и 1.500.000 Роми.

Проценките не се најпрецизни како кај Евреите поради помала организираност на ромските групи и недостиг на прецизни саписи и подетални истражувања. Меѓу Ромите ова случување е запаметен како Porajmos, а тој поим има конотација слична на Холокаустот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed