Најдена и втората црна кутија од урнатиот руски авион

Пронајдена е и втората црна кутија од рускиот воен авион кој се урна во неделата утрото во Црното Море, објави денес руското министерство за одбрана.

„Втората црна кутија од авионот тупољев Ту-154 е најдена и извадена утринава“, објави во соопштение руската војска.

Наоѓањето на кутијата ќе овозможи да се утврди причината за несреќата во која загинаа 92 луѓе.

Досега се пронајдени 15 тела и над 200 посмртни остатоци од жртвите. Речиси сите се префрлени во Москва за идентификација. Првата црна кутија беше најдена вчера наутро во „задоволувачка состојба“.

Експертите кои работат на расветлување на несреќата претходно кажаа дека грешка на пилотот и технички дефект се најверојатните причини за уривањето на авионот.

 

Во него имаше 84 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците беа девет новинари и членови на ансамблот на руската војска Александров, кои требаше за новогодишните празници да настапат за руските војници во Сирија.

Урнатиот тупољев бил прозведен во 1983 година. деловите од авионот беа најдени во Црното Море на длабочина од 50 метри, на околу 1,5 километри од рускиот брег во близина на Сочи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha