Националниот ромски центар со проект за заштита и унапредување на здравјето на жените Ромки

KUMANOVO

Зајакнување на жените Ромки и девојки преку дискусии да говорат за чувствителни табу теми, како што е сексуалното и репродуктивното здравје, права и пристап до превентивна и здравствена заштита, но истовремено да се повикаат на отчетност и одговорност релевантните институции и креатори на политиките кои се донесени во врска со жените Ромки во последните две години, е целта на проектот „Унапредување на достапноста до здравствена заштита на жените Ромки“ под мотото „Ајде да зборуваме-моето здравје е мое право“ за чија што промоција е направено креативно видео, со цел да се зголеми информираноста на сите оние кои имаат прашања во врска со сексуалното и репродуктивното здравје.

Ова видео денеска беше презентирано и пред жените и девојки Ромки од Кочани.

Целта е зајакнување со знаење и информација оние на кои најмногу им треба помош, најзагрозените и најранливите, тие кои што не знаат кај да се обратат, немаат можност да платат, или мислат дека ќе бидат обележани заради тоа што сексуалнотото и репродуктивното здравје е табу тема во општеството. Проектот го спроведува Националниот Ромски Центар од Куманово.

– Искористеноста на превентивните услуги е на незадоволително ниво зтоа што немаме доволна промоција и информација. Искуството со работа со жените Ромки за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје укажува дека ова сеуште е табу тема и токму за тоа е и нашето кратко видео да можат да се опуштат луѓето и да ги бараат своите права и здравствени услуги кои што ги следуваат според закон, и секако да се намали доеничката смртност и сексуално преносливите инфекции, рече Сабихана Скендеровска, координатор на програмата во НРЦ.

Националниот ромски центар (НРЦ) од Куманово во рамките на здравствената програма повеќе од една декада го има искуството и праксата да работи со Ромската заедница. Она што може да се забележи на терен е дека се уште има потреба од зајакнување и подигнување на свеста за основните здравствени права помеѓу жените и девојките Ромки.

You may also like...

Sorry - Comments are closed