Напаѓачите на Села добија по 30 дена притвор, спроведени се во Шутка

ZIJADIN SELA

Судија на претходна постапка синоќа одреди 30 дена притвор за таткото и сонот што се осомничени за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, потврдуваат за МКД.мк извори од Основниот суд Скопје 1.

Основното јавно обвинителство вчера ја преиначи одлуката за двајцата осомничени, па наместо за учество во толпа која ќе изврши кривично дело, тие ќе одговараат за обид за убиство. И двајцата веќе се однесени во истражен затвор.

Обвинителството соопшти дека од прибавените докази, оценило дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело обид за Убиство.

Од полицијата вчера соопштија дека во домот на синот K.Ѓ. со наредба на судија на претходна постапка извршен е претрес и биле најдени и подигнати патики со „траги слични на крв“, облека и три мобилни телефони што биле одземени. Било утврдено дека во салата 3, каде што се одржувала прес-конференција, таткото Ц.Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.

You may also like...

Sorry - Comments are closed