Могерини попладне на средба со Иванов и партиите

mogerini

Шефицата на европската дипломатија Фредерика Могерини која е во неколку дневна балканска турнеја, денеска во 16.30 часот ќе има средба со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Во 17 часот таа ќе одржи говор пред студенти во Македонската опера и балет, а час подоцна ќе има средба со политичките партии. Во 19 часот ќе даде изјава за медиумите пред седиштето на Европската унија во Скопје.

Нејзината турнеја ја започна во Црна Гора, а ќе ги посети уште Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Албанија. Европската унија на 6 март ќе одржи самит за ситуацијата на Западен Балкан.

Инаку два дена преходно Могерини изрази очекување дека денеска ќе биде избран нов претседател на Собранието, но одлуката на претседателот на Македонија беше спротивна на тоа.Според европските дипломати тоа само ја доведува земјата во поглема политичка криза. Се очекува шефицата на европската дипломатија најверојатно да го поддржи комесарот Хан и да побара Иванов да го почитува парламентарното мнозинство имајќи го предвид фактот дека еврокомесарот Хан уште вчера го пренесе ставот на Брисел по последната одлука на Иванов.

Посетата на Могерини на Балканот се совпаѓа во период кога во речиси сите земји има тензии. Тоа пред сѐ се однесува на Македонија, но состојбата е загрижувачка и во Црна Гора и на Косово. Сиве овие прашања ќе бидат тема на Европскиот совет кој ќе се одржи следната недела во Брисел.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha