Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

МИТИНЗИ И СРЕДБИ: Каде партиите ќе ги презентираат програмите?

Mитинзите и средбите на партиите со граѓаните продолжуваат низ целата Македонија.

Изборната кампања влегува во финишот. Партиите имаат неколку дена за да ги презентираат програмите и она што го нудат.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Ѓорче Петров во 17:30 часот и во Куманово во 20 часот.

Коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи митинзи во Шуто Оризари во 12 часот и во Чаир во 19 часот.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ за ИЕ 1, Ден Дончев, ќе даде изјава пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 12 часот.

ДПА ќе има митинг во Струга во Домот на културата во 16.30 часот.

Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг пред општина Кисела Вода во 17 часот, ќе има средба со граѓани во општина Карпош, а лидерот на Демократскиот сојуз и носител на кандидатска листа во првата изборна единица, Павле Трајанов ќе одржи прес-конференција на плоштад „Делфина“ во 13 часот.

Коалицијата Алијанса за Албанците ќе одржи митинг во Гостивар во 19 часот.

Кампањата ќе заврши на 9 декември на полноќ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us