Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Митинг на коалицијата „Преродба со Беса“ во Гостивар

Лидерите на Движењето Беса и Националната демократска преродба на вечерашниот митинг во Гостивар го побраа гласот на гостиварци и најавија повеќе проекти со кои ќе го подобрат животот на Албанците.

Дел од платформата на Беса за овие избори претстави лидерот на Беса и носител на листата за кандидати за пратеници во 6ИЕ Биљал Касами.

– Мораме да го вратиме дигнитетот на Албанците. Во нашата платформа предвидуваме повисоки плати за 50 проценти во образованието. Дражавниот универзитет во Тетово ќе го направиме современ и најдобар, а не како што ДУИ го претвори во партиски штаб. На наставниот кадар, професорите ќе им овозможиме трајно вработуавње и поголема сигурност, а ќе се изгради современа универзитетска библиотека. Беса нуди и инвестиции во инфраструктурата и нема да бидеме како ДУИ кои за патот кој ги поврзува Косово и Македонија од 10 километри им требаат 15 години, рече Касами.

Касами во обраќањето им порача на тие од власта, доколку прават притисоци врз вработени во админстрацијата, во локалните или државните институции околу изборот и гласањето, дека на 12 декември, сите тие ќе се најдат пред лицето на правдата.

Председателот на Националната демократска преродба Фадиљ Зендели ја појасни платформата на неговата партија и коалицијата, за која како што рече нуди нова политичка филозофија, која има за цел да ги заштити интересите на албанците во Македонија. Тој најмногу се задржа на делот кој предвидува рамноправност помеѓу Албанците и Македонците во Македонија.

– Демократската унија за интеграција ја покажа сервилноста и само му слугува на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Ние не можеме да чекаме македонците да ни помогнат во остварувањето на нашите права. Но, ете за жал и тоа се случува, некои албанци веруваат на повиците од македонските партии и се зачленуваат во нив. Ние нема да коментираме, туку во иднина ние ќе спроведуваме конкретни проекти, рече Зендели.

Од говорницата се обратија и кандидатите за пратеници Африм Алили и Елмира Хасани-Салиа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us