Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид: Започнува нова ера за градот и државата!

ВМРО

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ традиционално од Охрид ја започнаа кампањата за локалните избори што ќе се одржат на 15-ти октомври. На митингот што се одржа вечерва на плоштадот „Св. Климент Охридски“ под мотото „Секогаш работа, секогаш Македонија“, беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник на општина Охрид д-р Митко Тилевски.

Во своето обраќање лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски најави нова ера за Охрид и Македонија. Тој му се заблагодари на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески за реализираните проекти во изминатите четири години и ги повика охриѓани да ја дадат поддршката за нивниот кандидат за градоначалник

-Сакам јавно да му се заблагодарам и да му честитам на Никола Бакрачески за досегашните резултати и успеси. Тој навремено не извести дека од длабоко приватни и семејни причини овој пат не треба да влезе во разгледување за повторен кандидат за градоначалник, но чесно до крај го вложи својот дел за овој прекрасен град и луѓе.

По долги анализи да се избере најдобриот предлог, за наредните 4 години напредок, ВМРО-ДПМНЕ за градски татко на Охрид го повика и застанува зад доктор Митко Тилевски, Ваш многу угледен и почитуван сограѓанин, познат лекар, педијатар, пред долго години и народен пратеник, чесен и работлив човек, борец за се што ќе се зафати свесен за проблемите на Охрид, за предизвиците кои доаѓаат но и полн со енергија, жар, големо животно и работно искуство, идеи, со добра воља и чиста мисла, и подготвеност неуморно да работи на напредок и успеси на Охрид и охриѓани. – рече Груевски.

Груевски истакна дека новата програма на ВМРО ДПМНЕ за Охрид за наредните 4 години е веќе подготвена, внимателно обмислена и добро пресметана за да е во склад со финасиските можности на општината, и со нејзиното спроведување Охрид ќе доживее едно ново издигнување, и решавање на многу постоечки проблеми.

Д-р Тилевски како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ уште од основањето, знае дека кога ВМРО-ДПМНЕ ветува, тоа мора да се исполни, но и ние го познаваме него дека е многу сериозна личност која кога ќе се нафати за некоја работа го прави тоа со сета своја чест и одговорност, посветеност и неуморно работење, додаде Груевски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed