Милошоски: СЈО води истрага против мене

МИЛОШОСКИ

Специјалното јавно обвинителство проверува дали пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, има авион.

Според двата објавени документи на Фејсбук профилот на Милошоски, специјалната обвинителка Катица Јанева испратила барање за податоци до Агенцијата за цивилно воздухопловство и Централниот регистар преку кои треба да се утврди и дали Милошоски бил сопственик или управител на фирма во период од 2008 до 2015 година..

Милошоски на фејсбук статусот напиша дека документите ги добил од чесен граѓанин, свиркач, кој иако е вработен во СЈО, се спротиставува на злоупотребите и непрофесионализмот на оваа институција.

СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, ¬ прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, ¬ а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!

Само продолжете, нема да не’ замолчите! Според документите кои Милошоски ги објави, барањата се поднесени на 31 март, а рокот за одговор е 5 дена.

Од СЈО велат дека недозволиво е државни институции да им овозможат увид на лицата за кои се вршат проверки.

Од таму велат дека се испратени голем број на барања до различни институции за различни предмети.Укажуваат државните институциите да преземат мерки со кои ќе се оневозможи јавно објавување на податоци за предистражни постапки кои, согласно законските прописи, се тајни.

You may also like...

Sorry - Comments are closed