Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Милошоски: СДСМ прави обид за продолжување на кризата, со цел Заев да се спаси од оставка

milososki1-640x363

Со цел лидерот на СДСМ да се спаси од оставка, нивниот претседател Зоран Заев се обидува да ја продолжи кризата, изјави  Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сметаме дека во изминативе две години направивме премногу отстапки на барање на опозиција – ДИК, мониторинг на медиумите, прочистување на избирачки списоци, непостоечки фантоми, и сето тоа, за да стигнеме до избори. Заев кажа дека условите за фер избори се постигнати. Тој рече,  ако победи ќе биде премиер, ако не ќе поднесе оставка. СДСМ сега ја продолжува кризата со цел Заев да се спаси од оставка. Очекуваме тој да им честита на граѓаните за изборот што го направиле,  наместо да креира политички кризи“, изјави Милошоски.

Тој додаде дека приговорите што СДСМ и БЕСА ги доставија до ДИК не се основани.

-Се работи за приговори во населени места каде претходно сите се согласиле и потпишале дека изборите минале во најдобар ред. Се сомневаме дека Чичаковски ја одложи седницата за утре зашто сака во текот на денешниот и утрешниот ден да влијае врз одредени членови, да се создаде притисок за изедначен резултат со цел да го заштити неговиот ментор Зоран Заев. Важно е Заев да ја почитува волјата на народот, а ДИК да ја потврди волјата на народот, во спротивно, може да предиузвика револт кај луѓето кои две години беа трпеливи.

Тој додаде дека членовите на ДИК треба да постапуваат според закон, да ги разгледаат сите записници и да утврдат дека во најголем број од записниците нема сериозни суштински забелешки.

-Граѓаните покажаа достоинство, и ДИК треба да покаже достоиснтво“, смета Милошовски.

Милошовски  рече дека лидерот на СДСМ Зоран Заев не можел да се истакне во нормални политички и економски услови.

-Тој се обидува да прави кризи за да се задржи на челната позиција на СДСМ. Да се надеваме на позитивни изненадувања, за нас ќе биде пријатно ако покаже демократски капацитет“, заклучи Милошовски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us