Меј го претстави планот за статусот на граѓаните на ЕУ во Британија

TEREZA

Фер и чесен предлог за сите, вака британската премиерка Тереза Меј го оцени договорот што синоќа го стави на маса на самитот во Брисел, а се однесува на пост Брегзит статусот на граѓаните од Европската унија, кои живеат и работат во Обединетото кралство.

Меј уверува дека овие граѓани ќе можат да останат во Британија и по нејзиното излегување од ЕУ и да имаат еднакви права со Британците, од аспект на здравството, образованието, социјална помош и пензиите..

Единствен услов за тоа е да живееле најмалку пет години на островот. ¬ Сакам да ги уверам сите европски граѓани кои се во Велика Британија, кои го оформиле својот живот и дом во земјата, дека никој нема да си замине.

Нема да гледаме како се разделуваат семејства. Вакви гаранции очекувам и за Британците кои се земјите од ЕУ, изјави Тереза Меј, премирка на Британија Прашањето за идниот статус на 3,2 милиони државјаните на ЕУ во Британија, како и на еден и пол милиони Британци кои се населени во државите членки, од европска страна беше истакнато како приоритет.

Дел од европските лидери не се импресионирани од предлогот на Меј, но го оценија за добар старт за преговорите.

¬ Тереза Меј јасно ни посочи дека државјаните на земјите членки на ЕУ кои пет години живеат во Британија, ќе добијат нов статус на жителство со кој целосно ќе ги зачуваат своите права.

Мислам дека тоа е добро за почеток, изјави Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

Меркел изјави дека за Брегзит ќе има посебен Самит, кој целосно ќе биде посветен на тоа прашање.

Лани на денешен ден Британците се изјаснија за излез од унијата, кој формално треба да се случи во март 2019¬та.

You may also like...

Sorry - Comments are closed