Меркел е против затворање на македонско-грчката граница:

merkel

Германската канцеларка Меркел е против затворање на македонско-грчката граница. Тоа нема да ги реши проблемите, вели Меркел во интервју за „Штутгартер цајтунг“.

Клучна надворешна Шенген-граница на ЕУ од аспект на бегалското движење е границата меѓу Турција и Грција, вели во интервју за „Штутгартер цајтунг“ германската канцеларка Ангела Меркел. Таа на оваа тема уште дообјаснува:

„Едноставно во Македонија, која не е членка на ЕУ, да се гради заштитна ограда, без притоа да се загрижиме во каква состојба тоа би ја довело Грција, би било не само неевропско однесување, туку тоа не би решило ниту нашите проблеми.“

Меркел признава дека Грција не ги исполнува доволно своите обврски за заштита на надворешната граница на ЕУ, но според канцеларката – подобриот пат е да ѝ се помогне на земјата.

Мерке е против идејата за Мини-Шенген како алтернатива за сегашниот простор без граници. „Тоа би било тешко уназадување на ЕУ. Мора да претендираме со тоа да излеземе на крај на поинаков начин“, нагласува Меркел за „Штутгартер цајтунг“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha