Меркел го предупреди Ердоган за слободата на медиумите

MERKEL

Германскиот канцелар Ангела Меркел инсистираше новинарот Дениз Јуџел да биде ослободен од затвор и упати сериозно предупредување до Анкара за состојбата со слободата на говорот. Дописникот на германски „Ди Велт“ беше пратен зад решетки со судска одлука во понеделникот со обвинение за пропаганда на терористичка група, откако пред тоа помина 14 дена во притвор, потсетуваат агенциите.

Меркел истакна дека федералната влада прави и ќе направи се што е можно за да биде Јуџел пуштен на слобода.

„Тој не правел ништо повеќе од тоа да ја остварува својата професија, затоа треба да биде ослободен. Треба да има независно новинарство, новинарите треба спокојно да си вршат работата. Во Германија ние многу се потпираме на слободата на печатот, тоа е дел од нашата демократија и дури да загрижува некого, во секој случај таа не треба да биде под истрага“, изјави Меркел, цитирана од турскиот одел на „Дојче веле“.

Во своите наслови, турските медиуми го истакнуваат фактот дека зборовите на германскиот лидер ќе го налути Ердоган, како и на зголемените остри реакции во Берлин кон Турција. Покрај повиците на голем број водечки политичари за забрана Ердоган и претставници на владата да влезат во земјата, весниците во Германија објавуваат текстови за поддршка на турскиот колега, а вчера случајот со притворениот новинар стана главна тема.

„Меѓу Берлин и Анкара има длабок јаз“, напиша во наслов „Зидојче цајтунг“.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha