Меркел: Британија и САД повеќе не се сигурни партнери, Европа е сама

MERKEL

Германската канцеларка Ангела Меркел жестоко ги критикуваше САД и Велика Британија во говор на предизборен собир во Минхен, истакнувајќи дека „Европа мора да ги земе работите во свои раце по незадоволителните разговори на средбата на Г7“.

„Сега стана јасно дека Европа повеќе не може да смета на своите долгогодишни партнери од Велика Британија и САД. Нашата судбина сега е исклучиво во наши раце“, порача Меркел.

По очигледно турбулентните разговори на средбите на Г7 и НАТО алијансата за време на викендот, германската канцеларка подвлече дека повоената западна алијанса е жестоко разнишана по двата удари: излегувањето на Британија од ЕУ и изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

„Помина времето кога можевме да се потпреме на други. Тоа лично го почувствував во изминатите неколку дена. Европејците се сами“, истакна Меркел на собир пред околу 2.500 луѓе во Баварија.

Таа истакна дека Германија и цела ЕУ „природно ќе се стремат кон добри односи со САД, Велика Британија, па дури и со Русија“, а потоа додаде:

„И покрај тоа, за својата иднина ќе мора да се бориме сосема сами. Судбината на Европејците зависи од тоа!“

You may also like...

Sorry - Comments are closed