Медицински сестри со три месечен курс

MEDICINSKA SESTRA

Здравствените институции се полнат со медицински сестри кои имаат завршено само три месечни курсеви.

Нивните колешки кои имаат завршено редовни медицински школи регираат дека се принудени дополнително да ги едуцираат бидејќи доаѓаат со минимални знаења. Медицината, велат не е професија што може да се заврши со курс.

Ова е само еден од проблемите со кои се соочуваат медицинските сестри. Здружени, се обединуваат во барањето за изготвување закон за сестринство и формирање на комора на медицицински сестри.

Најавеното покачување од 5 % не е решение, туку бараат комплетна измена на коефицинетите во колективните договори. Недоволното вреднување на овој кадар е една од основните причини за нивниот дефицит и заминување во странство.

Недостигот на овој кадар се повеќе се чувстува секаде, па и во една од најчувствителните области- акушерството. Од новите раководни структури очекуваат решени на сите горливи прашања.

Единствен начин на бидат правно заштитени според нив е преку формирање на комора на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, и закон за сестринство.

You may also like...

Sorry - Comments are closed