Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Матео Ренци ќе поднесе денеска оставка по убедливиот пораз на референдумот

Италијанскиот премиер Матео Ренци нјави дека денеска ќе поднесе оставка, по убедливиот пораз на референдумот за спроведување уставни реформи во Италија.

Според државната италијанска телевизија РАИ, за реформите гласале 42,4 отсто од Италијанците, додека 54,6 отсто од гласачите биле против.

На прес-конференцијата одржана ноќеска, Ренци ја прифати врз себе одговорноста за поразот и им порача на групата партии што ја предводеа кампањата „не“ да објават каква сакаат да изгледа реформата во државата.

– Јас загубив, а не вие. Верувам во демократијата и во Италија. Среќно за сите нас, изјави Ренци, најавувајќи дека во текот на денешниот ден, на седницата на владата ќе ги извести министрите за своето повлекување од премиерската функција.

Matteo Renzi press conference, Rome

Ренци, кој е лидер на Демократската партија, настојуваше да спроведе потемелна реформа во политичкиот систем во Италија, со намалување на големата бирократија и во обид да ја направи земјата покомпетативна.

Со реформата требаше да се намали улогата на Сенатот (Горниот дом) во Парламентот, а да се засили позицијата на Долниот дом на пратениците, со што веруваше дека ќе се засили и стабилизира позицијата на владата.

Според реформота за која се залагаше Ренци, со намалувањето на бројот на парламентарците и со засилувањето на Долнот дом, ќе создадеа услови за функционирање на стабилна влада која ќе обезбедеше и стабилен мандат.

Во изминатите 70 години, во Италија имаше 63 влади, но планот низ референдумот да се обезбеди согласност за рационализирање на политичкиот систем, гласачите го искористија за да го истакнат своето незадоволство од премиерот.

Гласањето за „не“ силно го подржуваа анти-имигрантските и анти естаблиштментот партии, чии позиции сега се гледаат и како мислење упатено до ЕУ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us