Локални избори 2017: Уште два дена кампања

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Партиите, коалициите и независните кандидати уште два дена ќе ја претставуваат програмата пред претстојните локални избори.

В петок на полноќ почнува изборниот молк, а партиите, коалициите и независните кандидати уште два дена ќе ја претставуваат програмата пред претстојните локални избори.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржува средби со граѓани во Илинден и во Чашка и митинзи во Аеродром и во Велес.

СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“ имаат средби со граѓаните во Кратово и во Карбинци и митинзи во Пробиштип и во Штип.

ДУИ е на средба со граѓани на Тетово, БЕСА организира средба со граѓани во Гостивар. Партијата Левица има средба со граѓаните во Битола.

You may also like...

Sorry - Comments are closed