Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Либералната партија ја презентираше изборната програма во Прилеп

Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски заедно со кандидатите за пратеници од Прилеп денеска имаше средба со прилепчани пред кои ја претстави изборната програма.

Величковски рече дека трите клучни прашања кои треба да се решат во државата се економијата, стабилноста на државата и образованието и младите.

Либералната партија ја презентираше изборната програма во Прилеп

– Тоа се трите предизвика кои ќе останат пред нас и сега и по изборите, уште долги години, рече Величковски, додавајќи дека е потребно консолидирање на институциите.

Тој рече дека една од целите на нивната партија е македонскиот производ да стане конкурентен на пазарите надвор од државата.

– Да ја оспособиме економијата, оспособувајќи ги претприемачите. Малите и средните компании собираат 70 проценти работна сила во себе од вкупната работна сила во стопанството. Затоа мора да се поведе внимание како претприемачот да го одржиме, да го негуваме, да му овозможиме да се развие, со минимум административни бариери, рече Величковски

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us