Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Левица бара укинување на извршителите

На прес конференцијата која што денеска ја одржаа, од Левица реагираа поради на нерегуларностите во правосудниот систем во Македонија. „Левица“ е на страната на обесправените граѓани и затоа  предвидува  мерка за укинување на приватните извршителски канцеларии и враќање на извршителите во судовите, рече Димитар Апасиев од партијата „Левица“ носител на ИЕ1.

Апасиев објасни доколку тие дојдат на власт, нема да дозволат земање пари од граѓаните, преку извршители како што досега било во пракса, при што за спор од 100 евра, извршител можел да земе и до 1000 евра.

„Левица одлучно застанува на страната на сиромашните и првото нешто што ќе го направиме кога нашите пратеници ќе влезат во парламентот е укинување на извршителите“, соопштија од Левица.

Апасиев изјави дека според него во Македонија во моментов има 250 судии кои се технолошки вишок.

„Затоа што како држава од 2 милиони жители можеме да функционираме со 400 судии ние во моментов имаме 600 судии плус 100 извршители кои ја имаат најскапата тарифа во европа“, изјави Апасиев.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us