Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Курц: Фер избори и спроведување на итните реформски приоритети за преговори со ЕУ

Спроведувањето на слободни и фер избори и имплементацијата на итните реформски приоритети ќе и овозможат на Македонија да се врати на патот кој ќе ја води кон отворање на преговори за членство во Унијата, изјави Курц по средбата со шефот на дипломатијата, Попоски.

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија Себастијан Курц на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Спроведувањето на слободни и фер избори и имплементацијата на итните реформски приоритети ќе и овозможат на Македонија да се врати на патот кој ќе ја води кон отворање на преговори за членство во Унијата, изјави Курц.

„Јас долго време не верував дека на крајот на краиштата ќе има термин за избори, но тоа успеа. Навистина како ЕУ сме среќни што тоа конечно се договори, но доколку овие избори се фер и бидат коректно спроведени, тоа ќе биде важен чекор кој исто така ќе се земе во предвид од земјите- членки на Унијата во позитивна смисла“, нагласи министерот Курц.

Шефот на дипломатијата Попоски истакна дека Австрија е меѓу најголемите пријатели на Македонија кои се трудат перспективата за членство во ЕУ да ја поддржат- и во тешки и во добри моменти. Тоа треба да се цени, нагласи Попоски и додаде дека голем број австриски компании инвестираат во Македонија и отвораат работни места.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us