Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Кој каде денеска ќе митингува

И денеска изборните карвани ќе одржат собири, митинзи, трибини и средби со граѓаните на кои ќе ја претстават својата политичка понуда за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Денеска во Струмица (20 часот) и Радовиш (17,30) митинзи ќе одржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

Во 18 часот во Скопје, пред Владата на Република Македонија, централен митинг ќе одржат СДСМ и коалицијата За живот во Македонија.

Во хотелот Холидеј инн во 11 часот, Демокртската унија за интеграција организира конференција за економија на која ќе биде претставена дел од програмата за економски развој и еднаквост. На конференцијата ќе говорат Фатмир Бесими од секретаријатот за економија на ДУИ и носителите на листите на ДУИ.

Демократската партија на Албанците во 16,30 ќе одржи средба со граѓаните во скопската општина Чаир, на паркингот пред Чаирчанка.

Од коалицијата ВМРО за Македонија денеска пред просториите на СЈО изјава за медиуми ќе даде Ден Дончев, носителот на кандидатската листа за ИЕ 1.

Митинзи коалицијата Алијанса за Албанците ќе има во Центар Жупа (18 часот) и во Дебар (19).

Коалицијата за промени и правда средби со граѓаните ќе имаат во Кавадарци (ресторан „Бриони“, 17 часот) и Неготино (Центар на култура „Ацо Ѓорчев“, 19 часот). На овие собири ќе се обратат Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз, Слободан Богоески, носител на ИЕ 4, Јове Кекеновски, носител на ИЕ 2, и кандидатите за пратеници Драгана Кипријановскa и Тодор Ношпал.

Конференција за медиумите ќе има и Народно движење за Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us