Коце Трајановски ја почна кампањата со најава за нови паркови

КОЦЕ

Кандидатот за градоначалник за Скопје од ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања за локалните избори ја започна од Ново Лисиче со најава за изграда на нови паркови и зелени површини на повеќе локации во Скопје.

Трајановски во изјава за медиумите од новиот парк во Ново Лисиче рече дека ова е најголемиот парк во Скопје, со површина од 100 метри квадратни, и додаде дека тука, во општина Аеродром, ќе биде изграден уште еден таков, со цел спречување на загадувањето.

„Во нашата изборна програма посебен акцент ставаме на мерките против загадувањето. Овде, на потегот кај последна петтка, ќе изградиме уште еден голем парк од 100 метри квадратни, ќе поставиме клупи и ќе засадиме нови дрвја.

Нов парк е планиран кај ‘Александар палас’ покрај Вардар, потоа целосна реконструкција на градскиот парк со чистење на езерцата и поставување нова урбана опрема. Во наредниот четиригодишен период ќе засадиме дрвја на повеќе локации на површина 500 метри квадратни“, рече Трјановски.

Во новиот парк во Ново Лисиче заедно со Трајановски беа и носителот на листата за Скопје, Кристијан Мицковски, и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed