Котевски се појави на распит во СЈО

SJO

Иво Котевски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ дојде во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ како осомничен во случајот „Талир“, за обвинувањата за незаконско финансирање на партијата и перење пари.

Утрово во СЈО бил и поранешниот директор на Петтата управа, Горан Грујевски кој исто така е на распит меѓутоа не е јасно дали за случајот „Тврдина“ или „Таргет“. И двата случаи се однесуваат на незаконското прислушување.

Во петокот во СЈО за случајот беа Емил Димитриев, Даниела Рангелова и Миле Јанакиевски.

Првоосомничен во случајот е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во петокот не се појави на распит бидејќи немал добиено уредно покана. Доколку не одговорат на поканата, обвинителите најавија дека ќе бараат од судот да издаде наредба за присилно приведување.

Никола Додевски, адвокатот на Груевски и партискиот врв на ВМРО – ДПМНЕ, нема да може да го брани екс- премиерот и останатите осомничени во истрагата „Талир“, бидејќи и самиот тој ќе биде повикан од специјалното обвинителство како сведок.

You may also like...

Sorry - Comments are closed