КОНКУРС за доделување на мали грантови за поддршка на иницијативи и проекти на Ромски и про-Ромски граѓански организации

RROMA

Во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија во рамките на повикот Europe Aid/150147/DH/ACT/PRAREG со проектен број 2015/370-300 имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер-организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација се објавува:

К О Н К У Р С мза доделување на мали грантови за поддршка на членките на коалицијата во рамките на проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското граѓанско општество на западен Балкан и Турција“ за иницијативи и проекти за зајакнување на улогата на Ромското граѓанско општество во РМ за 2017 година

Општа цел на повикот е преку малите грантови за да подигне капацитетот на (про) Ромските граѓански организации кои што работат на подобрување на статусот на Ромите во РМ.

Специфичната цел на повикот е давање на финансиска поддршка на (про) Ромските граѓански организации за подигнување на нивните капацитети и зајакнување на нивните позиции на локално и национално ниво, како и влијание врз политиките кои што ги таргетираат Ромите како целна група.

Предност за конкурсот ќе имаат организациите кои што се дел од формираната коалиција во рамките на проектот. Во рамките на конкурсот, РРОМА бара автори/организации на извештаи и истражувања од следниве приоритетни области:

О1-ДОМУВАЊЕ: Политики и стратегии за решавање на проблематиката со домувањето кај Ромската заедница во РМ;
О2-ОБРАЗОВАНИЕ: Образовниот статус кај Ромското население во РМ;
О3-ЗДРАВСТВО: Пристапот на Ромското население во РМ до здравствени услуги;
О4-ВРАБОТУВАЊЕ: Правичната застапеност и активни мерки за вработување на Ромското население во РМ;
О5-АНТИЦИГАНИЗАМ: Говорот на омраза и сликата за Ромската заедница во македонските медиуми;
О6-ВЛАДЕЕЊЕ: Главните владини политики за Ромска инклузија и посветеноста за видливи промени во РМ.
Фонд за финансирање:
Вкупниот фонд за финансирање на проекти во рамките на конкурсот за 2017 изнесува 460.500 денари (7.500 евра) Краен рок за поднесување на апликации: 8 ноември 2017 година.

You may also like...

Sorry - Comments are closed