Комплетирани новите партиски органи на СДСМ

СДСМ

Централниот одбор на СДСМ ги комплетираше органите на партијата. Eдногласно, централниот одбор ги поддржа предлозите кои беа соопштени од претседателот на партијата, Зоран Заев, за членови на извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ.

Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели се избрани Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Фросина Ременски, а за нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.

„Сите заедно, и во земјава и надвор од неа, докажавме дека СДСМ е столбот на државата и на државноста. да продолжиме да работиме одговорно за граѓанските и државните интереси, порача претседателот Заев, на синоќешната седница на централниот одбор на СДСМ.“

You may also like...

Sorry - Comments are closed