Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Коалицијата за промени и правда порача дека е за унитарна држава

Носителот на првата изборна единица на Коалицијата за промени и правда, Павле Трајанов на вечерашниот митинг во Кисела Вода ги повика неопределените да излезат и да гласаат за промени, за да се создадат услови да се спроведе правото.

kpp

– Стратешки, национален и државен интерес е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ. За тоа има граѓански консензус и тоа ќе го направиме, без да го менуваме уставното име. Ние сме за унитарна и демократска Македонија – рече Трајанов пред присутните.

Тој истакна дека економската програма на Коалицијата за промени и правда ќе обезбеди услови во кои ќе се вработат над 90.000 младии квалификувани кадри и дека од буџетот ќе се наменат 800 милиони евра за економски развој.

– Предвидовме и бесплатна здравствена заштита и модерни регионални здравствени центри. Во образованието, реформите ќе ги прават универзитете, студентите и бизнис заедниците, а ќе го укинеме и екстернето тестирање – додаде Трајанов.

80% од граѓаните се против овој режим и тоа е гаранција дека ќе победиме.

Со проектот ,, ДЕКРИ,, предвидуваме робусни антикорупциски мерки, конфискација на криминално стекнатиот имот и враќање на граѓаните.

Не само конфискација на парите на носителите на функции и олигарсите во странските банки туку и овде во Макеоднија.  Многу фирми ,, насилно,, се превземени од ,,фамилијата,, и затоа тој имот треба и ќе се врати на народот.

Штабот на ВМРО ДПМНЕ за чија изградба и луксуз се потрошени над 30 милиони евра ќе се конфискува и претвори во студентски дом.

Од буџетот ќе намениме 800 милиони евра за економски развој и 2% од буџетот за проекти на младите .

Предвидовме и бесплатна здравствена заштита и модерни регионални здравствени центри.Во образованието, реформите ќе ги прават универзитете, студентите и бизнис заедниците. Екстернето тестирање ќе го укинеме. Тој проект за малтретирање на учениците, родителите и наставниците нема потреба и натаму да постои, а власта да го користи за притисок, пред се на наставниците, да ги притиска тие што ги образуваат и воспитуваат децата.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us