Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Коалицијата за промени и правда бара да се санкционира секој изборен криминал

Секој што ќе направи изборен криминал ќе одговара. Само со промени може да започне процесот на стабилизација, рече Трајанов

Носителот на листата во првата изборна единица на „Коалицијата за промени и правда“ и лидер на ДС, Павле Трајанов денеска на прес-конференција пред Јавното обвинителство го повика јавниот обвинител согласно службената должност по „чуен глас“ за кршење на Изборниот законик да преземе законски мерки за документирање на такви случаи и отвори предистражни постапки за што му се на располагање сите државни институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи.


Според него, пасивниот однос значи солидарност со владејачките партии, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и нивните активисти, кои деновиве, вели, ги притискаат граѓаните и фирмите да учествуваат на митинзи и да гласат за нив.

– Секој што ќе направи изборен криминал ќе одговара. Само со промени може да започне процесот на стабилизација – рече Трајанов.

Јове Кекеновски, носител на оваа коалиција во втората изборна единица пак упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на притисоците од партиските агитатори, а на партиските војници да не го прекршуваат Изборниот законик, затоа што, вели, казните за овие кривични дела се ригорозни и се движат од најмалку 3 односно 5 па и повеќе години.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us